Електронска Архива            


Канцелариското и архивското работење се помошни дејности што се извршуваат во канцелариите (архиви, писарници) на државните органи, претпријатијата, невладините организации и други институции.

  • Канцелариското работење ги опфаќа: примањето, отворањето, прегледувањето и распоредувањето на актите, евидентирањето на актите во книга за основна евиденција – деловодник, доставувањето на актите до извршителите за нивна обработка и решавање, испраќањето на решените акти и нивното архивирање.
  • Архивското работење ја продолжува грижата за заштита на создадените акти и предмети преку нивното одбирање, средување, евидентирање, чување и користење, создавајќи на тој начин услови за оставање на неизбришлив печат на секоја организација за нејзиното суштествување и дејствување во општествено-политичките збиднување во земјата.

Од начинот на нивното реализирање многу зависи извршувањето на основните дејности и цели на било која организација.

И покрај голема раширеност на автоматизирано компјутерско работење, институциите и претпријатијата, сеуште практикуваат рачно работење со хартиени документи.
Тоа, од друга страна, ја ограничува ефикасноста на работењето и ги зголемува материјалните трошоци. Истражувањата покажуваат дека:

  • 90% од времето се троши на барање и рачна достава на документите;
  • 15% од документите се губат;
  • 30% од времето се губи на барање и наоѓање на затурени документи.

Воведување на компјутеризиран Деловодник (е-Деловодник) создава можност за вградување на нова функционалност преку брзо и едноставно скенирање на актите директно во Деловодникот. Со оваа надградба на евидентирањето на документите во Деловодникот се создава и можност за увид во нивната содржина.



“Archives constitute the memory of nations and of societies, shape their identity, and are a cornerstone of the information society” – International Council of Archives



Систем за следење на јавните набавки



Јавните набавки се начин на којшто јавните претпријатија обезбедуваат стоки, работи и услуги потребни за нивно поефикасно работење.
Јавните набавки се единствен начин на кој државните органи набавуваат потребни ресурси за работа.

Повеќе од 12 % од бруто домашниот производ на Република Македонија се средства наменети за искористување преку јавните набавки.

Софтверското решение за Следење на јавните набавки се темели на концепт кој нашата компанија се обидува да го имплементира во сите свои софтверски решенија, а тоа е КОНЦЕПТ НА ЕДИНСТВЕН ВНЕС НА ПОДАТОЦИ

Концептот за единствен внес на податоци подразбира единечно пополнување на податоците и натамошен пренос како низ самата апликација, така и низ други апликативни решенија.

Карактеристики на софтверот за јавни набавки

  • Евидентирање на Годишен план за јавни набавки
  • Спроведување на јавните набавки согласно законските прописи
  • Изготвување извештаи за спроведени набавки
  • Изготвување извештаи за реалзирани набавки
  • Изготвување извештаи за поништени набавки
  • Изготвување извештаи за реализација на годишен план
                 


Софтверското решение за јавни набавки е

  • лесно за употреба
  • прилагодливо на големината на институцијата.

Софтверското решение за јавни набавки е оптимизирано за поврзување со други апликации, пред сè со Електронската архива.





За подетални информации ПОБАРАЈТЕ НÈ

Информационен систем за управување со судски постапки

Информациониот систем за управување со судски постапки (LegalActs) овозможува олеснета евиденција на предметите кои понекогаш траат и повеќе месеци, па дури и години. LegalActs е софтверско решение кое дава прегледност на секоја фаза од постапките и постојана контрола на влезните и излезните документи, како и роковите кои законски мора да се испочитуваат. 


ПРИДОБИВКИ

  • Олеснето заведување на сите чекори во текот на процесот

  • Чување на документите на едно место и контрола врз сите документи

  • Чување на историјат на предметите

  • Олеснето креирање на документи со користење на шаблони

  • Прегледи и групирања на документите

  • Олеснето пронаоѓање на барани информации

  • Пристап до сите документи во врска со предметот од едно место
                                              

  •   Поголема достапност до податоците

  •   Поголема прегледност

  •   Максимално искористување на чуваните податоци

  •   Побрзо наоѓање на сакан податок

  •   Поефикасно користење

  •   Заштеда на време


Зошто LegalActs ?


За вработените
  • брзо и квалитетно креирање на документите
  • ги организира сите документи поврзани со судските постапки
  • брзо и ефикасно предбарување низ предметите
  • ја зголемува ефикасноста и квалитетот на работата



За менаџерскиот тим
  • целосна евиденција во документацијата
  • увид во активностите на вработените
  • евиденција на трошоци
  • заштеда на време и пари




Информационен систем за патен сообраќај

Информационениот систем за патен сообраќај овозможува олеснето издавање, раководење како и контрола на лиценците за патен сообраќај. Софтверот за патен сообраќај ја олеснува работата при издавањето на лиценците како за такси возилата, така и за редовните и вонредните превозници. На овој начин е олеснето издавањето на лиценците.

                 

Придобивки

  • Олеснето заведување на сите чекори во текот на процесот
  • Сторирање на документите на едно и место и полесна контрола
  • Чување на историјат на предметите
  • Креирање на предметите со користење на шаблони
  • Прегледи и групирања на документите
  • Оптимизирано пребарување
  • Олеснет пристап до документите
  • Искористеност на веќе постоечки податоци
  • Time Keeping
  • Поголема ефикасност при работа
          


Информационен систем за инспекциски надзор

 

Со ова проектно решение ќе се добие :

  • систематско регулирање на постапувањето на инспекциските служби
  • унификација и поголема ефикасност во нивното работење

 

Ќе се поддржи вршењето на инспекциски надзор во текот на целата постапка преку :

  • Прием на акти од граѓаните и правните субјекти
  • Записник за извршен инспекциски надзор

По пријави или по службена должност:

  • Решение за задолжување
  • Записник за констатација
  • Опомена пред извршување на решение
  • Заклучок за извршување на решение
  • Постапување по жалба
  • Постапка за порамнување
  • Постапка за посредување
  • Поведување прекршочна постапка пред надлежен суд
  • Трошковник – административни такси и надоместоци

 

 ПРИДОБИВКИ ЗА ОПШТИНИТЕ

  • Унификација и поголема ефикасност во работењето на Општината
  • Укажување за недоследности и потребата од почитување на законите
  • Систематско регулирање на постапувањето на службите
  • Зајакнување на капацитетите на Општината во делот на организацијата на службите и инспекцискиот надзор
  • Подобрување на координацијата на службите во Општината
  • Следење и унапредување на стручноста на службите на Општината во вршењето на надзорот   Спроведување на Законот за испекциски надзор
  • Следење и исполнувањето на роковите (во првостепена и по жалбите)
  • Реализација и вградување на системот во реални услови (кадровски и ИТ)
  • Запазување на правата и должностите на субјектите на надзорот