Профил

Македонски бизнис системи (МБС)  е компанија формирана 1991 година, како Local Service Organization на корпорацијата IBM (International Business Machines) во долга традиција на соработка со фирмите во Македонија. МБС ја продолжи определбата да ги нуди производите на IBM (хардвер, софтвер, услуги и т.н.) и ги сочува вкупните деловни односи со македонските корисници поставени на IBM-овата деловна етика, стандарди и пракса.

Во почетокот на 1999 година IBM одлучи да го промени начинот на работа во сите земји во кои немаше свое директно застапство, во што покрај Македонија беа вклучени и многу други земји. По ова МБС продолжи да делува како IBM Solutions Provider (највисоко ниво во хиерархијата на IBM-вите бизнис партнери) за сите IBM-ови хардверски и софтверски платформи.

Денес, МБС работи под идеологијата дека човечката умствена креација е најдобриот продажен алат на пазарот како и најголемата придобивка со што компанијата донесе одлука за целосна промена на своето работење и пренос од компанија чијашто основна продажна дејност е компјутери и компјутерска опрема во компанија чијашто основна дејност е изработка на софтверски решенија.

Со нашето делување се стремиме да придонесеме и во развојот на пошироката средина како промотор во развој на Информатичко општество. Активна членка сме на Македонската Асоцијација за ИТ – МАСИТ. Истовремено, активно партиципираме во грижа за нашето опкружување и негување на културни и историски вредности преку учествување во културни манифестации, поетски и прозни активности и развој на младите во уметноста. Веруваме дека развојот на духовните вредности помага и во креативноста во информатичката технологија.

 

 






Работејќи во најдобар интерес на корисникот

работиме долгорочно во наша корист



МБС во општините



Информатичката технологија во македонските општини се развива повеќе од 20 години. Македонски бизнис системи е дел од тој концепт за развој од самите почетоци. Стратегијата на ЗЕЛС од областа на информатичката и на комуникациската технологија покажува дека МБС со своето решение за Електронска архива потполно ги задоволува потребите на Единиците на локална самоуправа.

МБС во досегашните 24 години развој и имплементација на софтверското решение за електронска архива има имплементирано решение во повеќе од 70 општини во Република Македонија.

Со ист интензитет продолжуваме и во иднина.

МБС Успешни приказни

Општини
 Дирекции, Агенции, Претпријатија
Банки

Народна банка на Република Македонија
Охридска банка ад Скопје
Еуростандард банка
Македонска Банка за поддршка на развојот
Агенција за супервизија на осигурувањето
Агенција за странски инвестиции на Р. Македонија
Агенција за супервизија на капитално  финансирано пензиско осигурување - МАПАС
Дирекција за технолошко индустриски развојни зони
Џонсон Контролс - Штип
Регулаторна комисија за енергетика
УКИМ - Ректорат
Факултет за електротехника и информациски технологии
(повеќе на следниот линк)



Систем за управување со квалитет


Развојот на софтверските решенија на проектните тимови на МБС почнуваат преку самиот развој на инфраструктурата на МБС. Компанијата има воспоставено Систем за управување со квалитетот согласно ISO стандардите за квалитет. Системот за управување со квалитетот во МБС обезбедува:

  • Водење на МБС,
  • Управување со деловните процеси на МБС,
  • Управување на ресурсите,
  • Мерење на квалитетот на процесите, производите,   услугите
  • Мерење на ефектите од реализацијата на процесите,
  • Управување со процесите за постојаното подобрување на квалитетот на производите и услугите,
  • Управување на реализацијата на барањата на клиентите за квалитетно исполнување на нивните очекувања и достигнување на нивното задоволство ,
  • Достигање на деловните цели на МБС

 
Системот целосно е поддржан со апликативното решение Систем за управување со квалитет во МБС.  МБС континуирано го надоградува сопствениот систем за квалитет во целокупното работење. Таков однос има и кон своите партнери и добавувачи. Како превентивна акција и гаранција на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди, МБС се труди да соработува со партнери и добавувачи кои обезбедуваат и гарантираат соодветно ниво на квалитет.

Визија и мисија


Преку постојано настојување за задоволување на корисниците нудејќи им производи и услуги со највисок квалитет, преку соработка со партнерите која придонесува за успешноста на двете страни, и преку овозможување на креативна и мотивирачка работна околина за своите вработени, да го продолжиме нашиот повеќе децениски успешен настап на информатичкиот пазар во Македонија, како и  постепено да ја прошириме дејноста во зeмјите во регионот. 





Нашите резултати ги постигнуваме внимавајќи на: 
  • 1

    Интерно подобрување на организацијата како предуслов за зголемување на квалитетот на работењето

  • 2

    Постојано подобрување на понудата на квалитетни деловни решенија

  • 3

    Почитување на најдобрата деловна етика и законските рамки во работењето